Зидан: Сигурен сум дека ќе поминеме во нокаут фазата

Реал Мадрид губееше со 2-0 до 87 минута од Борусија Менехенгладбах во дуелот од вторто коло во групата од фудбалската Лига на шампионите, но со головите на Бензема и на Каземиро успеа непоразен да замине од Германија. Иако Реал во поголем дел од средбата ја имаше иницијативата не успеа да ја запише првата сезонска победа во елитното натпреварување.

„Покажавме вистински карактер. Многу сум горд на играчите поради тоа. Игравме добро, дури и кога губевме. Не сум задоволен од резултатот затоа што сакавме победа, но од играта можам да бидам задоволен. Уверен сум дека ќе поминеме во наокаут фазата. Иако не триумфиравме игравме добро. Ако продолжиме вака не чекаат големи работи. Мирен сум затоа што видов добро издание од мојот тим“ – вели Зидан.

Реал Мадрид по две одиграни кола има само еден бод и е последнопласиран во групата Б во која лидер со четири бода е Шахтјор, а Борусија Менехенгладбах и Интер имаат по два бода. Италијанскиот состав е следниот противник на Реал во Мадрид.

 

 

 

Се вчитува...