Зидан: Сонот на Мбапе е да игра за Реал Мадрид

Реал Мадрид и Зинедин Зидан не се откажуваат од намерата да го ангажираат напаѓачкото чудо на ПСЖ, Килијан Мбапе. Претседателот Флорентибно Перез подготвува неверојатни 300 милиони евра за трансфер во летниот преоден рок, а тренерот Зинедин Зидан јавно истакнува дека желбата на младиот фудбалер е да настапува на „Сантијаго Бернабеу“.

„Сонот на младите фудбалери никогаш не се менува. Сонот на Мбапе е да игра за Реал Мадрид и искрено се надевам дека еден ден желбата ќе му се оствари“, изјави Зинедин Зидан.

Пари Сен Жермен нема така лесно да се откаже од одличниот напаѓач. Подготвува понуда за продолжување на соработката со неверојатни услови. „Светците“ ќе му понудат фантастични 40 милиони евра годишна плата само за да остане на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...