Зидан: Среќен сум што водам тим кој е гладен да освојува трофеи

Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3-1 во финалето во Киев и третпат по ред го освои пехарот во Лигата на шампионите. Тоа е голем подвиг и за тренерот Зинедин Зидан, кој по фантастичната играчка кариера веќе гради и завиден тренерски опус.

„Нема тајни. Се е во работата, но и во искористувањето на сопствениот талент. Ние знаеме дека имаме силни способности, и најважно е што тимот е гладен да победува и да освојува трофеи. Најтешко е да стигнеш до финалето, успеавме да ги минеме ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен. А, кога ќе дојдеме таму, навистина знаеме како да го освоиме трофејот. Ова вечерва беше беше посебна ноќ за нас. Инаку, овој гол на Бејл, како и голот на Роналдо во Торино, а и мојот гол против Баер Леверкузен, секако ќе останат за аналите“, изјави Зинедин Зидан по третиот последователен триумф во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...