Зидан: Тоа е фудбалот, тие напаѓаа – ние победивме!

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа победа на гостувањето против Баерн Минхен (1-2) во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите. По натпреварот, тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан изрази задоволство од играта на Реал, но предупреди дека се уште ништо не е завршено.

Одигравме добро, ова е фудбал. Тие имаа многу шанси, ние победивме. Не беше лесно на почетокот, но во второто полувреме бевме многу подобри на терен. Тимот уште еднаш ги покажа своите можности и на крај јас сум задоволен со постигнатиот резултат“ – изјави Зинедин Зидан.

Се вчитува...