Зидан во ПСЖ ќе заработува над 12 милиони евра годишно

Зинедин Зидан е се поблиску до клупата на ПСЖ. Парижаните веќе му подготвуваат отказ на Маурицио Покетино на клупата на францускиот првак, а на негово место ќе дојде екс предводникот на Реал Мадрид.

Според информациите, ПСЖ веќе го информирале Покетино дека на лето може да си бара друг клуб. На Зидан наводно му била понудена плата нешто над 12 милиони евра за една година. Со тоа ќе ја надмине сегашната плата на Покетино, кој заработува 8 милиони евра од сезона.

Зидан во Реал заработуваше околу 12 милиони евра, што и сега би ги земал. Од него ќе се бара трофеј во Лигата на шампионите, кој со Реал го освои три пати последователно.

Се вчитува...