Зидан за Иско: Не сум неправеден кон него, па не може сите да играат има само 11 места

Се поинтензивни се шпекулациите за заминување на Иско од Реал Мадрид откако е оставен како резервна опција на клупата на „кралевите“. Наводно, негова следна дестинација би можел да биде Манчестер сити или Челси.

Иско се одлучи индиректно да го прозве тренерот на Реал, Зидан Зидан, како главна причина зошто тој не игра. Па, Зидан одговори на прозивките истакнувајќи дека воопшто не е неправеден кон 25-годишниот фудбалер.

„Не сум неправеден кон него. Можеби ја нема истата улога овде кај и нас и во репрезентацијата, но многу пати досегам сум му докажал дека е важен играч за тимот. Среќен сум за неговата игра во дресот на Шпанија против Аргентина“ – истакна Зидан, притоа дополнувајќи:

„Не е проблемот во Иско. Проблемот е што имам 25 фудбалери, а 11 може да играат. Задоволен сум од неговиот пристап и може да кажам се што ќе одрати кога ќе добие шанса, го одработува навистина добро“.

Шпанскиот фудбалер поради блага повреда нема да игра овој викенд против Лас Палман.

Се вчитува...