Одбранбениот ѕид на Јувентус ќе остане гранитен, иако на голот веќе ќе го нема легендарниот Џанлуиџи Буфон. Двајцата искусни дефанзивци, Џорџо Кјелини и Андреа Барѕалји, потпишаа нови договори со клубот и остануваат и понатаму во Торино.
Кјелини се обврза на нова двегодишна верност со „старата дама“ и ќе остане до 2020 година. Тој ќе биде и новиот капитен на тимот по заминувањето на Буфон.
Андреа Барѕалји потпиша едногодишен договор и со оглед на возраста се очекува да биде одлична поддршка од клупата. Италијанските медиуми најавуваат дека Јувентус ќе купи уште еден искусен дефанзивец, а прва цел е Диего Годин од Атлетико Мадрид.
Во преоден рок, во редовите на италијанскиот првак дојдоа Емре Џан, Матија Перин, Жоао Кансело, комплетиран е трансферот на Даглас Коста кој играше како позајмен играч од Баерн Минхен, како и младиот напаѓач од Асколи, Андреа Фавили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА