Зијеш им се приклучува на Меси, Мбапе и Нејмар?

Покрај бомбастичниот трансфер на Енцо Фернандез вреден 120 милиони евра во последниот ден од преодниот рок се очекуваат и заминувања од „Стемфорд Бриџ“. Еден од оние кои е на излезната врата е Хаким Зијеш за кој постои интерес од ПСЖ.

Мароканецот веќе подолго време се наоѓа пред трансфер од Челси, до истиот беше и блиску летото, но тогаш не успеаја Челси и Милан да најдат заеднички јазик па сега како реална опција се јавуваат „светците“. Зијеш веќе ги договорил личните услови за преселба во средината со Меси, Мбапе и Нејмар па останува уште англискиот и францускиот тим да го изнајдат вистинското решение за трансфер.

Зијеш го засили Челси од редовите на Ајакс, но никогаш не ги исполни очекувањата. Оваа сезона настапи на само 10 натпревари во Премиерлигата забележувајќи само една асистенција.

Се вчитува...