Со цел да се обиде да дојде до титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити подготувува мал „ремонт“ во зимскиот преоден рок. Пеп Гвардиола има план како да го врати Сити на шампионските патеки, откако нивната доминација ја прекина тимот на Ливерпул минатаа сезона.
Како што е познато, Антоан Семењо е веќе пред портите ан „Етихад“, со оглед дека го одбра Сити како своја дестинација. Така Пеп ќе мора да продава дел од своите играчи за да го консолидира тимот, и за да може Семењо да добие простор.
Веќе е јасно дека на продажба се играчите кои се „прецртани“, а тоа се Филипс и Боб. Филипс мина на позајмица во Вест Хем, но и таму не игра како што се очекуваше, па така за него нема повеќе место во Сити. Боб, пак, никако не може да се наметне во жестоката конкуренција во клубот на крилните позции, а ќе биде уште пожестока кога ќе дојде Семењо.
Се шпекулира дека и Натан Аке би можел да замине. Опција е Барселона, но преговорите се далеку. Исто така би можело да се очекува и продажба на Савињо, за кого има заинтересирани клубови, со цел да се отвори простор за Семењо, како и другите крилни играчи како Доку, Черки и Фоден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

