Зинченко: Да не заборавиме дека Македонците ја оставија Италија без настап на СП во Катар

ЕКИПА во Прага, 

Горан Бошев

Се е подготвено за почетокот на натпреварот меѓу Украина и Македонија што ќе се игра во 15 часот на неутрален терен во Прага. Математиката е едноставна – двете селекции ќе бркаат победа за да останат во игра за второто место кое води на ЕП 2024. Украина ќе ја има фаворитската улога, но Александар Зинченко ги предупреди сонародниците дека против себе ќе имаат ривал што не е нималку наивен.

За потсетување, Македонија имаше водство од 2-0 по првото полувреме на дуелот во Скопје, Украинците со голем пресврт стигнаа до цел плен, но за успех денеска очекуваат добро издание во текот на сите 90 минути.

„Имаме борбен дух во себе, атмосферата во селекциајта е добра, знаеме колку е важен мечот и ќе сториме за да победиме. Што се однесува до Македонија, покрај дуелот во Скопје, го паметиме и дуелот од последното Европско првенство. Тоа е силна репрезентација која може да игра одлично против топ-репрезентации. Да не заборавиме дека Македонците ја оставија Италија без настап на СП во Катар. За да ги победиш, мора добро да се подготвиш и во ниту еден случај да не ги потцениш“, порача Зинченко, асот на Арсенал и на украинскиот национален тим.

Се вчитува...