Позајмицата на Олександар Зинченко во Нотингем Форест ќе биде прекината, но украинскиот репрезентативец нема да се врати назад во Арсенал.
„Топчиите“ постигнаа договор со Ајакс за негово продолжување на кариерата во Амстердам каде ќе настапува во следните шест месеци.
По нив ќе биде слободен да ја бира новата дестинација со оглед на тоа што договорот со Арсенал му истекува.
Зинченко беше дел од Арсенал од 2022 година забележувајќи 91 настап во „црвено-белиот“ дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

