Зинедин Зидан веќе знае каде ќе ја продолжи тренерската кариера

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на крајот на сезоната ќе седне на клупата на Пари Сен Жермен, пренесуваат дел од француските медиуми.

Според нивните пишувања францускиот тренер веќе ги договорил условите околу соработката со тимот од Париз.

„Сакаш да зборуваме за Зинедин Зидан во Париз? Во ред. Последниот датум на кој тој ќе биде нов тренер на ПСЖ е јуни 2022. Не ја исклучувам можноста дури и Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“, изјави Даниеле Риоло, новинарот кој прв објави дека Лионел Меси ќе премине во ПСЖ. 

Се вчитува...