Зивчевиќ: Се враќам во Куманово поради тренерот, еден од ретките коj има мад..а да ме тренира

Ненад Зивчевиќ и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Куманово, каде искусниот крилен кошаркар се враќа по кратката авантура во мароканскиот клуб Сале.

Зивчевиќ потпиша за кумановци под отворен договор, со што има можност во текот на сезоната да ги промени клупските бои.

„Во Куманово минав неколку добри месеци во кои и мојата форма се движеше во нагорна линија како и резултатите на тимот. И двете страни беа задоволни од соработката и сакавме истата да продолжи. Поради ограничениот буџет на кумановци се согласив на помала сума, но за отворен договор. Максимално сум фокусиран на почетокот на подготовките и сезоната во дресот на Куманово“, изјави Зивчевиќ.

Еден од факторите во преговорите да се прифати понудата на Куманово беше и тренерот Георгиевски, со кого Зивчевиќ имаше добра соработка.

„Георгиевски е млад, но исклучително квалитетен тренер. Покрај тоа, тој е еден од ретките кои има мад..ња да ме тренира. Имав понуди и од уште неколку клубови, но тие тренери како да се плашеа да ме видат во својот тим, како да имаат некаков страв, за кој искрено не знам од каде доаѓа“, порачува Ненад Зивчевиќ.

Се вчитува...