Зивчевиќ тргна фуриозно во Катар

Ненад Зивчевиќ имаше извонреден старт на својата авантура во Катар, откако македонскиот кошаркар го предводеше својот тим Ал Ахли до убедлива победа на гостувањето против Ал Шамал со 72-90.

Иако против себе го имаа еден од фаворитите за титулата, Зивчевиќ и соиграчите одиграа перфектно во нападот, стигнувајќи до значаен триумф. Во главна улога беше токму поранешниот член на МЗТ Скопје, Работнички и на уште неколку македонски клубови, кој одигра извонредно, завршувајќи го натпреварот со 28 поени, осум скока и пет асистенции.

Единаесет од овие поени Зивчевиќ постигна во последната четвртина, исто колку и целиот домашен тим, помагајќи му на Ал Ахли целосно да го скрши отпорот на домаќините и да стигне до триумф.

Се вчитува...