Зивчевиќ во „ПРЕСИНГ“: Приказната дека сум конфликтен е од Марин Докузовски…

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.

Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој зад себе има богата домашна, но и интернационална, кариера, се потсети и на епизодата од Работнички и конфликтот со Марин Докузовски…

„За мене можело да се слушне приказна дека сум конфликтен. Тоа е приказна само од на Грне и мојот омилен тренер од Работнички, Марин Докузовски. Но, таа приказна не беше затоа што јас и тој сме се замериле за нешто кошаркарски. Ја и тој имавме само конфликт затоа што ми намали половина договор и јас не прифатив. После тоа се тужевме. Тој се појавуваше како сведок на судење“ – истакна Зивчевиќ, на кого се надополнува и Тони Грнчаров.

„Да не се разбереме погрешно, Марин за мене е добар тренер. Не може да го негираш тоа. Има резултати, титули, само што не се надоградуваше, остана туку. Тој според мене беше во топ 10 можеби тренери во Европа. Тој е единствен што многу добро ја читаше играта. Не доаѓаше подготвен за натпревар, туку на сред утакмица можеше да се прилагоди. Ја читаше играта, веројатно тоа е најважно за тренер. Но, надвор од тренер, како психолог…. ништо. Не знаеше со играчите“ – вели Грнчаров.

Зивчевиќ истакнува дека проблемот настанал затоа што тогаш во Работнички биле целосно измешани работите.

„Едноставно, тој беше човек за сè. И тука настана конфликтот. Прва работа, кој тренер преговара за пари со играч. Во нормална земја, се знае – овој е тренер, овој е спортски директор или газда, или што и да е“ – вели Ненад Зивчевиќ.

============================================
ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ
============================================
КОМПЛЕТНАТА ЕПИЗОДА „ПРЕСИНГ“ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА…

Се вчитува...