Зизу ти ли си? Фудбалер на Жирона со гол „а ла Зидан“ (ВИДЕО)

Еибар и Жирона го играат реванш натпреварот од полуфиналето во баражот за пласман во шпанската Ла лига. По првиот меч домаќинот имаше предност од 1-0, но уште во првата минута гостите од Жирона успеаја да ја анулираат.

Стрелец на погодокот за гостинскиот тим беше Борха кој на феноменален начин ја затресе мрежата на противникот. Тој со волеј удар од некои 18 тина метри постигна погодок кој дефинитивно потсети на погодокот на Зинедин Зидан во финалето од Лигата на шампионите во кое Реал Мадрид го совлада Баер Леверкузен и стигна до титулата во елитата.

Голот на Борха од Жирона можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...