Златан бара богатство за шест месеци во Италија

Златан Ибрахимовиќ е слободен играч по истекот на договорот со ЛА Галакси, до него веќе стигнаа бројни понуди, но Ибракадабра се уште нема избрано каде ќе ја продолжи кариерата. Или подобро решено, се нема најдено клуб што ќе ги задоволи неговите финансиски побарувања, кои најблаго речено се – нереални.

Најголемиот дел од заинтересираните клубови се од Италија, откако Милан, Рома, Наполи и Болоња сите испратија понуди за ангажман на одличниот голгетер. Сепак, според весникот „Ла Република“, одолговлекувањето на одлуката на Златан се должи на фактот дека тој не може да се договори со ниту еден клуб  – бидејќи бара премногу пари.

Според овој италијански медиум, Ибрахимовиќ барал неверојатни милион евра месечна плата за договор до крајот на сезонава. Ниту еден од заинтересираните клубови не бил ниту блиску со понудата до оваа сума, Златан сега го намалил барањето на четири милиони евра за шестмесечна соработка, па останува да се види дали некој од тимовите ќе успее да постигне целосен договор за да го ангажира поранешниот ас на Милан, Јувентус, Интер, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...