Златан е човек од збор, ќе оди на „Вембли“ со англиски дрес

Златан Ибрахимовиќ ќе ја исполни обврската од загубениот облог со Дејвид Бекам. Најголемата ѕвезда на шведскиот фудбал на сопствена иницијатива влезе во дуел со поранeшниот капитен на англиската репрезентација предизвикувајќи го со облог пред пресметката на Шведска и на Англија на Светското првенство во Русија.

Бекам ја прифати играта, но го зголеми влогот, па сега поразениот Ибрахимовиќ ќе мора да седи на Вембли со дрес на Англија и да јаде „fish & chips“.

Се вчитува...