Златан Ибрахимовиќ потпиша нов „доживотен“ договор со Милан

Златан Ибрахимовиќ само неколку месеци пред да наполни 40 години потпиша нов договор со Милан.

Досегашниот договор на популарниот Ибра завршува во јуни, па со нов го потврди останувањето во клубот до јуни 2022 година.

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини пред две недели за „Скај Спорт“ откри дека се е договорено со Златан за продолжување на договорот, а преостануваат само детали кои треба да се усогласат. Па, откако се беше усогласено Златан потпиша „доживотен“ договор со Милан, кого го препороди откако минатата година се врати меѓу „росонерите“.

Ибрахимовиќ е најплатениот фудбалер на Милан. Со досегашниот договор заработуваше седум милиони евра годишно, милион повеќе од Џанлуиџи Донарума. Трет најплатен фудбалер на Милан е Анте Ребиќ со 3,5 милиони евра година.

Се вчитува...