Златан „лапна“ уште „милионче“ за нов договор со Милан

Милан конечно успеа да постигне договор со Златан Ибрахимовиќ за продолжување на соработката за уште една сезона. Шведскиот ас беше најзаслужен за фуриозниот  финиш на сезоната на Милан, но со самото тоа Ибракадабра си ја крена и цената во преговорите за нов договор.

Претходно беше начелно договорено тој да остане за плата од шест милиони евра, но Ибракадабра замина за Шведска и го остави супер-агентот Мино Раиола да преговара за уште поголемо подобрување на условите. На крајот, „росонерите“ се согласија да платат седум милиони евра за една сезона, одлична бројка за фудбалер што во октомври ќе наполни 39 години.

По ова, Златан уште денеска ќе пристигне во Италија, а по деталните лекарски прегледи и тестови за Covid-19 ќе му се стави на располагање на тренерот Пиоли.

Се вчитува...