Златан потпиша нов договор, но изненади со новиот број на дресот

Златан Ибрахимовиќ и официјално потпиша нов договор со Милан, продолжувајќи да го носи дресот на „росонерите“ по успешната полусезона во која се наметна како лидер на својот тим. Швеѓанецот притоа изненади со бројот на дрес што ќе го носи, иако беше најавувано дека ќе ја земе „деветката“ тој на крајот се реши за бројот единаесет.

„Јас ја носев единаесетката за време на мојата прва авантура во Милан. Се вратив за да му помогнам на клубот да се врати на нивото од минатото, нивото на кое заслужува да биде. Ќе сторам се за да помогнам зацртаните цели да бидат исполнети. Отсекогаш сум се чувствувал во Милан како дома, клубот од првиот ден ме тренира прекрасно и верувам дека ќе им вратам на вистински начин“, истакна Ибрахимовиќ.

Милан ја заврши ланската сезона со серија од 13 натпревари без пораз и се искачи на шестото место на табелата.

„Мораме да продолжиме во ист стил како што ја завршивме ланската сезона. Не бев јас најзаслужен, целиот тим играше одлично и виде дека може да го победи секој ривал. Мораме да играме со гордост и самодоверба, тоа носи резултат“, порача Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...