Златан сакал да се вакцинира во Белград, но …

Црвена Звезда беше казнета поради навредите што дел од навивачите на „црвено-белите“ ги упатуваа кон Златан Ибрахимовиќ на дуелот со Милан, а малку недостигаше шведскиот ас повторно да дојде во Белград, овојпат на вакцинација во српскиот главен град. Златан неодамна го победи коронавирусот, но самиот инсистирал да добие и вакцина за Covid-19.

Како што беше случај со илјадници македонски граѓани во изминатиот период, и на Ибрахимовиќ му дошло преку глава да чека да дојде на ред во местото на живеење. Поради тоа, Швеѓанецот побарал од својот добар пријател Дејан Станковиќ да му организира вакцинација во Белград, а откако работата била договорена – се пропаднало буквално во „пет до дванаесет“.

Причина – забраната од раководството на Милан шведскиот ас да замине во Белград за да биде вакциниран „Росонерите“ имаат строг протокол за однесување за време на корона-кризата, па на сите играчи им е забрането да ја напуштат Италија, освен доколку не станува збор за итен и неодложлив случај. Клупските директори оцениле дека тоа воопшто не е случај со барањето на Ибрахимовиќ, кој на крајот морал да остане во Милано.

Се вчитува...