Златан во свој стил: „Меси и јас? Нема разлика… И двајцата финалето од ЛШ ќе го гледаме на ТВ!“

Кога пристигна во Лос Анѓелес, легендарниот Златан Ибрахимовиќ порача: „Златан ви дојде…, нема на што!“.

А неговите изјави дека не е крал туку Господ, дека ќе остане во ПСЖ ако на местото на Ајфеловата кула стават негова статуа и слични други влегоа во антологијата. Но, брзо Ибра и на Американците им покажа како „Шоу“ пристигнал во градот. И, не само на теренот…

Па, така и овие денови во едно свое интервју на прашањето каква е разликата меѓу него и Лионел Меси во свој стил одговори:

„Всушност не постои разлика. И двајцата ќе го гледаме финалето од Лигата на шампионите на ТВ!“

Се вчитува...