„Златен Гонг“ по 47.пат: Традицијата продолжува, боксот е македонски спортски бренд

Една од најтрофејните спортски манифестации во Македонија, Златен Гонг, оваа година ќе се одржи по 47-ми пат. Вип Арената при СЦБТ, мала сала од 9-11 ноември 2017 (петок и сабота), ќе ги собере боксерите од Македонија и уште шест други држави. Натпреварите ќе започнат со полуфиналните борби во петок со почеток од 16 до 19 часот, додека свеченото отварање на настанот ќе се одржи во петок од 17.30 часот.

Во сабота е предвидено да се одржат финалните борби со почеток од 11 часот, а доделувањето на наградите и признанијата е предвидено со почеток од 14 часот. За учество на гонгот се пријавени околу 40 боксери.

На прес конференцијата во Агенција за млади и спорт, директорот Дарко Каевски потенцираше дека оваа манифестација е македонски спортски бренд на Балканот и Европа и од таа причина Агенцијата за млади и спорт се јавува како генерален покровител. Поддршката која Агенцијата за млади и спорт е во насока на дополнителна афирмација на боксот во Македонија, како е ден од нашите најуспешни спортови.

„Се надевам на фер плеј борба и судење и упатувам покана до сите вљубеници на боксот да уживаат во перформансите на сите учесници“ – изјави Каевски.

Свое излагање околу спортската манифестација и околу очекувањата имаше и селекторот на македонската боксерска репрезентација Петре Чурлиновски.

„Верувам дека ќе видиме убави боксерски мечеви и дека македонските боксери ќе се претстават во добро издание“ – потенцираше Чурлиновски.

Се вчитува...