Златибор втор полуфиналист во АБА 2

Кошаркарскиот тим на Златибор Чајетина е вториот полуфиналист на Ф8 турнирот од АБА 2 лигата кој од денеска до недела ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Српскиот тим во второто четвртфинале славеше над фаворизираните Словенци, Хелиос Домжале со 84-82. Натпреварот течеше во егал во сите 40 минути, а Србите на крајот беа посконцентрирани и стигнаа до голема победа. Протиќ со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените со 18 заврши Махковиќ.

Тие во полуфиналето ќе играат против Борац Бања Лука кој претходно денеска беше подобар од Младост со минимални 80-79.

АБА2 Ф8 СКОПЈЕ: 

Борац – Младост 80-79

Хелиос – Златибор

МЗТ – Сутјеска (18.00)

Широки Бријег – Спарс (21.00)

Се вчитува...