Златко Далиќ ќе биде нов тренер на Елиф Елмас?

Хрватскиот селектор Златко Далиќ би можел да биде нов тренер на Елиф Елмас во редовите на турскиот гигант Фенербахче. Раководството на клубот е во интензивна потрага по нов стратег, откако Холанѓанецот Филип Коку очајно ја стартуваше сезоната. Фенербахче се наоѓа на 15.место на табелата во домашниот шампионат, само со еден повеќе позитива во однос на Ризеспор, кој се наоѓа во зоната за испаѓање.

Златко Далиќ има актуелен договор со Фудбалската федерација на Хрватска до 2020 година, но, како што пишуваат турските медиуми, се разгледува можноста тој да ги извршува двете функции паралелно. Покрај Далиќ, во игра за наследник на Коку се вртат и имињата на Роберто Карлос, Лорен Блан и Арсен Венгер.

Се вчитува...