Златко Далиќ одбил неверојатна понуда од Кина: „Не е се во парите…“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, одбил фантастична понуда од Кина. Неименуван кинески клуб му понудил годишна плата од 8 милиони евра, но тој ја одбил, и останува на клупата на „коцкестите“.

„Вистина е, Кинезите беа во Хрватска, дури и ја зголемија понудата, но мој фокус и понатаму останува фудбалската репрезентација и натпреварите со Англија и со Јордан. Не е се во парите“, изјави Златко Далиќ.

Кинезите на Далиќ му дале огромен буџет за составување на тимот, како и еден милион евра годишно за да го состави својот стручен штаб. Сепак, тој глатко ги одбил.

Се вчитува...