Златко Далиќ веќе има три понуди на маса

Довчерашниот хрватски селектор Златко Далиќ во моментов разгледува дури три сериозни понуди што пристигнаа по завршувањето на неговиот мандат на клупата на „коцкестите“.

Најконкретна е сè уште понудата на Фудбалскиот сојуз на Обединетите Арапски Емирати, која на Далиќ би му донела годишна плата од околу пет милиони евра.

Сепак, ОАЕ не се единствените заинтересирани за еден од најуспешните хрватски стручњаци во историјата.

Според истите информации, фудбалските федерации на Саудиска Арабија и Јужна Кореја покажале интерес за Далиќ, па искусниот тренер ќе има од што да избере.

Засега не е познато до која опција е најблиску, ниту дали ќе го искористи интересот на неколку репрезентации со цел дополнително да ја зајакне својата преговарачка позиција.

Поизвесно е дека Далиќ веројатно нема да оди сам на новата работа. Се наведува дека би можел да биде придружуван од речиси целиот стручен штаб со кој соработувал во хрватската репрезентација.

Во таа група се Данијел Субашиќ, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ и аналитичарот Марк Рошон, а во истиот контекст се споменуваат и Ведран Ќорлука и кондицискиот тренер Лука Милановиќ.

Се вчитува...