Златко Мојсоски од Работник потпиша за Бутел

Долгогодишниот македонски репрезентативец Златко Мојсоски ќе биде член на Бутел во новата суперлигашка сезона, откако крилниот ракометар се договори за едногодишна соработка со дебитантот во елитното натпреварување. Бутел делуваше доминантно во минатата сезона, но јасно е дека ќе му бидат неопходни засилувања за Супер-лигата, а Мојсоски со своето искуство ќе му биде од голема помош на тренерот Котевски. Златко Мојсоски минатата сезона ја мина во дресот на Работник, не успеа да се договори за продолжување на соработката, па на крајот се реши за враќање во Скопје и потпис со Бутел.

Покрај Мојсоски, тимот на Бутел ангажираше уште две искусни засилувања во своите редови. Станува збор за поранешниот член на Зомимак Струмица, Јовица Младеновски, кој доаѓа од редовите на Охрид, а од таборот на охриѓани пристигнува Бојан Спасовски.

Се вчитува...