„Златна топка“ 2021: Французите со убедлива доминација во ТОП-10

„Франс Фудбал“ во Париз ја доделува 65-тата „Златна топка“ во историјата, а меѓу главните фаворити се Лионел Меси кој играше за Барселона, а сега во ПСЖ, како и полскиот центарфор од Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

Како што одминува времето, така се објавуваат повеќе информации за најдобрите во светскиот фудбал. Прво се извлекоа играчите од 21 до 30 место, таму се Цезар Аспиликуета и Лука Модриќ на делба на 29-тото место, по нив следат Барела, Жерар Морено, Рубен Дијаш, кои го делат 26-тото место, потоа следат Фил Фоден, Педри, Кејн, Бруно Фернандеш и Лаутаро Мартинез.

По нив, се објавија оние од 11 до 20 место. Ријад Марез е дваесетти, Мејсон Маунт е 19-ти, па следат Симон Кјаер, Луис Суарез, Нејмар, Рахим Сттерлинг, Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Ромелу Лукаку и Ерлинг Халанд.

По објавувањето на овој ранкинг, се знае кои играчи се меѓу најдобрите десет во светот. Меѓу нив доминираат Французи, дури тројца, тоа се Карим Бензема, Нголо Канте и Килијан Мбапе, а од останатите се Џанлуиџи Донарума и Жоржињо од Италија, Мохамед Салах, Кевин де Брујне, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски и Лионел Меси.

Се вчитува...