„Златна топка“ 2021: Левандовски е прогласен за најдобар напаѓач – Дали ова е утешна награда за Полјакот?

Роберт Левандовски ќе мора да се задоволи со наградата за најдобар напаѓач на овогодинешното доделување на „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.

Ова признание се доделува на статистички фудбалер кој постигнал најмногу голови за клубот, како и во репрезентацијата. Многумина сметаат дека оваа награда е воведена токму оваа година со цел „Франс Фудбал“ да се оправда дека не му ја доделил главната награда на полскиот напаѓач.

Минатата година изборот за престижната награда не се ни одржа поради пандемијата на коронавирусот. Многумина сметаат дека ова беше голема неправда кон Роберт Левандовски, кој имаше одлична индивидуална статистика и го доведе Баерн до освојување на сите најважни трофеи.

 

 

 

Се вчитува...