„Златна топка“: Сите награди одат во Мадрид и Барселона?

Најважните награди на вечерашната церемонија во Париз со голема веројатност ќе завршат во Мадрид и Барселона, вака барем тврди добро информираната шпанска „Марка“.

„Златната топка“, највисоката индивидуална чест во светот на фудбалот, ќе ја добие Французинот Карим Бензема, играч на Реал и предводник на тимот кој минатата сезона ги освои Лигата на шампионите и Ла Лига, пишува „Марка“.

За најдобар млад играч ќе биде прогласен талентот на Барселона, Пабло Мартин Паес Гавира (Гави), кој ќе ја добие наградата „Рајмонд Копа“ која го носи името на легендарниот француски голгетер. Тибо Куртоа од Реал ќе биде прогласен за најдобар голман на кого ќе му припадне трофејот „Лав Јашин“ во чест на одличниот руски голман.

И на крајот „Златната топка“ во женска конкуренција ќе ја добие фудбалерката на Барселона Алексија Путељас, тврди „Марка“, иако во овој случај има знак прашалник, бидејќи поради повреда го пропушти Европското првенство. Путељас е прогласена за најдобар играч во Лигата на шампионите. Доделувањето на наградата ќе се одржи вечерва во 20.00 часот во театарот „Шатале“ во Париз.

Се вчитува...