„Златната генерација“ до 19 година ја победи Швајцарија… (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија до 19 година забележа голема победа од 2-1 против Швајцарија на стартот од квалификациите за пласман во елитната рунда на патот кон Европското првенство.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ, по лошото прво полувреме, со голем пресврт стигнаа до триумфот од 2-1 по извонредната игра во вторите 45 минути.

Швајцарците комплетно доминираа во првите 45 минути сосема заслужено стигнувајќи до предност со погодокот на Угриниќ во 33. минута…

Во второто полувреме, одличната наша генерација предводена од Елмас, Чурлинов, Митревски, Атанасов, Трајановски…, за пет минути дојде до комплетен пресврт. Најпрво по корнерот од десната страна на Митревски израмни Трајановски со гол со глава во 56. минута…

А, во 61. минута откако беше направен пенал врз фудбалерот на Келн, Чурлинов, од белата точка прецизно стрелаше Јани Атанасов за водство од 2-1.

u 19 makedonija-s (5)

Македонија на натпреварот стартувааше во следниот состав: Стевковски, Тодоровски, Антоски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Чурлинов, Атанасов, Елмас, Митревски, Трапановски, а во второто полувреме во играа влегоа и Ферукоски и Стојчевски.

u 19 makedonija-s (9)

Во вториот натпревар од нашата група, Белгија сосема очекувано го победи Лихтенштајн со 3-0. Белгијците триумфираа и покрај тоа што од 16. минута играа и со фудбалер помалку.

Следниот натпревар на Македонија е на 11. ноември против првиот фаворит во групата Белгија, исто така од 13 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...