Злато и бронза за Македонија на Балканското првенство во велосипедизам

Македонската вело-крос репрезентација оствари одличен настап на Балканското CX првенство, одржано во Романија, освојувајќи два медала и уште три пласмани меѓу најдобрите натпреварувачи.

Далија Стојановска го освои златниот медал во категоријата У-19, додекаОља Цветанова се закити со бронза во категоријата У-15.

Одличен настап забележаа и останатите членови на репрезентацијата. Марко Чекеровски го освои петтото, а Кирил Анчевски и Мартин Спасевски завршија на седмото место во своите категории.

Репрезентацијата настапи под водство на селекторот Милан Нацевски, а постигнатите резултати се потврда за потенцијалот и посветеноста на Федерацијата во насока на развој на македонскиот велосипедизам.

Се вчитува...