Златото во микс-дубл за Рубљов и Павлученкова (ФОТО)

Рускиот тандем во микс-дубл турнирот на Олимписките игри, Андреј Рубљов и Анастасиа Павлученкова е освојувачот на златниот медал откако во финалето славеше над сонародниците Аслан Карацев и Елена Веснина со 2-1.

Победничкиот двоец го доби првиот сет со 6-3, додека освојувачите на сребрениот медел изедначија на 1-1 во вториот сет кој траеше речиси еден час. Рубљов и Павлученкова до златото стигнаа во третиот сет кој го добија со 13-11.

Се вчитува...