„Змија го апна“ Вардар со Скопје, ама и смок се појавил на стадионот!

Вардар загуби од Скопје на арената „Филип Втори“ со 0-1, со голот на Досех Кофи во 45.минута, но можеби и поголем скандал од „двојката“ на аутсајдерот е огромната змија која се појавила во подтрибинскиот простор на арената „Филип Втори“.

„Црвено-црните“ ги „апна змија“ од Автокоманда, но, за среќа, куртулиле малкуте гледачи кои го следеа овој меч од трибините на нашиот најголем стадион. Со правовремена реакција на редарската служба огромниот смок е уловен и е преместен на безбедна локација, подалеку од гледачите. По ова, сигурно е дека уште помалку фудбалски навивачи ќе ги следат натпреварите од фудбалскиот шампионат, со оглед дека стадионите се претворија во змијарници.

Се вчитува...