Знае ли УЕФА нешто повеќе: Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите?!

Голема грешка направи УЕФА, откако на својот официјален сајт го прогласи Ливерпул за шампион за сезоната 2017/18. Тимот на Јирген Клоп на 26 мај во Киев ќе го предизвика актуелниот европски првак Реал Мадрид во битката за „пехарот со уши“.

Грешката се појави и на шпански и на англиски јазик, во сегментот каде е сместена историјата на ЛШ. На фотографијата на која се играчите на двата тима, стоеше натписот „Победник во сезоната 2017/18 – Ливерпул“, со логото на англискиот тим.

Се вчитува...