Знаете ли кој е првиот: Мбапе е втор во историјата што дал хет-трик во ЛШ на „Камп Ноу“

Килијан Мбапе по мечот си ја зеде со себе топката кон соблекувалната како сувенир од фантастичниот меч во кој францускиот ас со три гола го предводеше ПСЖ до триумф од 1-4 на гостувањето против Барселона.

Мбапе стана само втор гостински фудбалер во историјата, што на меч од Лигата на Шампионите на „Камп Ноу“ постигнал хет-трик против Барселона.

Првиот кому ова му има успеано е Андриј Шевченко, кој постигна три гола за Динамо Киев на гостувањето на каталонскиот храм на фудбалот во ноември 1997 година.

Се вчитува...