„Знам дека не ми остана уште многу, доколку не добијам бубрег ќе умрам“

Познатиот НБА кошаркар Нејт Робинсон има големи здравствени проблеми, неговата состојба е алармантна, а единствен спас е итна трансплантација на бубрег.

Познатиот плејмејкер со години се бори со откажување на бубрезите, состојбата драстично се влошила и единствена шанса да преживее е трансплантација.

„Знам дека не ми преостанува уште многу ако не добијам нов бубрег. Нема да живеам уште долго. Затоа го користам секој момент колку што можам повеќе. Нечие тело одбива дијализа. Фала богу што можам да живеам. Да не одев на дијализа немаше да преживеам недела или две повеќе. Сериозно е, не можам да пропуштам ден. Одам три дена во неделата по четири часа“, изјави Робинсон.

И покрај неговата болест, Робинсон се обидува да живее нормален живот.

„Дијализата ми помага и сега само уживам во моментите кога сум здрав. Излегувам со моите деца, семејството, играм кошарка, сите работи што ги сакам. Се трудам да останам нормален“, заврши Робинсон. 

Се вчитува...