ЗОИ: Американка донесе злато за Кина

Ејлин Гу која е родена во САД, но настапува за Кина на ЗОИ, го освои златото во слободно скијање во дисциплината „Биг Ер“. Таа заврши прва пред Французинката Тес Ледо и Швајцарката Матилда Гремо.

18-годишната Гу до златото стигна со одличната изведба во третата серија во која од третата позиција успеа да се искачи на првата со 188.25 бодови, 9,75 повеќе од главната фаворитка Ледо.

Ова е трето злато за домаќините на ЗОИ во ПЕкинг, со што Кина моментално изби на врвот на листата на освојувачи на медали. Кина има три злата и две сребра, а Шведска е втора со три злата. Трета Русија со две злата, три сребра и две бронзи.

Се вчитува...