ЗОИ: Ана Цветановска на 95 место во крос-кантри скијање

Македонската претставничка на Зимските олимписките игри во Пекинг 2022, Ана Цветановска натпреварувањето во крос-кантри скијање на 10 километри го заврши на 95. место од 98. натпреварувачки со време од 39:57.7.

Првото место и припадна на Норвежанката Тереса Јохауг која натпреварувањето го заврши со време од 28:06.3 што беше за четири десетинки подобро од второпласираната Керту Нисканен од Финска. Бронзата и припадна на Криста Пармакоски за два медела на Финците.

Ова беше вториот настап на македонските олимпици во Пекинг по Ставре Јада кој за жал не успеа да ги мине квалификациите во спринтот на 1.5 километар во крос-кантри.

Се вчитува...