ЗОИ-ХОКЕЈ: Русија се извлече против Данска

Репрезентацијата на Русија за разлика од Соединетите Американски Држави не дозволи изненадување во четвртфиналето на хокеарскиот турнир за Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Русите потешко од очекуваното стигнаа до победа над „жилавата“ Данска од 3-1 и со тоа обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на турнирот.

Русите поведоа со голот на Шипачјов во 14. минута со 1-0, резултат со кој се замина на првата пауза. Данците на стартот на втората третина израмнија на 1-1, а до крајот на овие 20 минути, Русите преку Нестеров повторно стигнаа до водство (2-1).

Конечните 3-1 ги постави Војнов искористувајќи го „пауер-плејот“ во 16. минута од последната третина. Русија со оваа победа и се приклучи во полуфиналето на Словачка која во првиот меч сензационално ги елиминираше Соединетите Американски Држави по изведување на пенали.

Се вчитува...