ЗОИ: Канада е првиот финалист на женскиот хокеј турнир

Канадската женска екипа во хокеј на мраз е првата финалистка на Зимските олимписки игри во Пекинг. Девојките од втората по големина земја на планетата во полуфиналето убедливо ја совладаа Швајцарија со 10-3 и очекувано го добија мечот.

Се беше решено во првите 20 минути. Овој период Канада победи со 5-1 и само ја зголеми предноста до крајот. Интересно е што дури девет девојки се запишаа во листата на стрелците. Пулин беше единствената која двапати ја погоди швајцарската мрежа.

Канада е четирикратен олимписки шампион. Сепак, на последните Игри во Пјонгчанг во финалето беа поразени од САД, па сигурно ќе направат се за да се вратат на тронот.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат САД и Финска.

Се вчитува...