Зоран Вулиќ нов тренер на Мирко Ивановски во Хајдук

Хрватската фудбалска легенда, Зоран Вулиќ е именуван за нов тренер на сплитски Хајдук.

56-годишниот Вулиќ е изборот на раководството на Хајдук со кого во текот на денот треба и официјално да се потпише договорот за меѓусебна соработка.

За Вулиќ ова ќе биде петто враќање на клупата на сплитските „бели“, а последен пат беше во 2007 година. Сега го очекува напорна работа за подигнување на тимот по разочарувачкиот старт на сезоната.

Се вчитува...