Зорман: Не чека пекол во Македонија, но учени сме на такви работи

Селекторот на словенечката репрезентација, Урош Зорман е свесен дека го чека тежок натпревар со Македонија во среда (12 март) во Скопје во квалификациите за ЕП 2026.

Во ситуација кога во неговиот состав ќе недостасуваат неколку клучни играчи, Зорман вели дека тежок противник за нив ќе бидат и преполните трибини во СЦ „Борис Трајковски“. Но, од друга страна за неговите професионалци во тимот тоа треба да биде и дополнителен мотив плус за максимално надигрување.

„Македонија е навистина сериозна репрезентација која е постојано во подем под водство на Кире Лазаров. Знаеме дека не чекаат два тешки натпревари. Играат сега брз, модерен ракомет, со млади ракометари кои се повеќе растат на светската сцена. Свесни сме дека не чека пекол во Македонија со преполни трибини, но тоа не треба ништо да менува за нас затоа што навикнати сме на такви натпревари“ – вели Зорман пред доаѓањето во Скопје.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ се игра со почеток од 20 часот, а вториот меѓусебен дуел ќе се игра во салата „Бонифика“ во Копер на 16 март од 18:30 часот.

Се вчитува...