Зошто Баерн Минхен не го сака Кристијано Роналдо?

Од трансферот на Кристијано Роналдо во Баерн Минхен, очигледно нема да биде ништо. Европските медиуми во текот на вчерашниот ден излегоа со информација дека тој го информирал својот агент Жорже Мендеш да ги понуди неговите услуги на германскиот шампион.

Меѓутоа, управата на Баварците одржала состанок по што одлучила да го одбие предлогот за доведување на Роналдо на „Алијанц арената“, а за таа одлука наводно имале пет причини.

Првата е буџетот за платите би бил оптеретен бидејќи Роналдо има плата од 30 милиони евра годишно. Втората и третата се однесуваат на атмосферата во соблекувалната. Тие сметаат дека неговата плата би можела да ја расипе атмосферата во соблекувалната, а младиот тренер Нагелсман би ги испушти конците.

Последните две се однесуваат на годините на Португалецот. Роналдо има 37 години и прашање е уште колку долго ќе може да игра на високо ниво.

Се вчитува...