Зошто Џордан и Пипен никогаш не го засакаа Кукоч…

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, јавно ја критикуваше американската јавност за минимизирањето на улогата на Тони Кукоч во шампионската генерација на Чикаго Булс. Славната генерација повторно е актуелна поради документарниот филм „Последниот танц“ за Мајкл Џордан, но Кер смета дека Кукоч е еден од оние кои дале многу во освојување на шампионските прстени.

„Ги гледам сите тие графики за документарецот, и таму се Мајкл, Скоти, Фил Џексон, Денис Родман и јас. Разбирам дека сега јас сум успешен како тренер и многумина ќе ме препознаат, но Кукоч и Харпер имаа значаен придонес во нашите успеси. Можеби нивните лица не им значат многу на помладите за она што се случуваше пред 22 години, но Кукоч едноставно мораше да биде на таа фотографија“, истакна Кер.

Потоа, трофејниот тренер се потсети на кошаркарските таленти на својот поранешен соиграч, но и откри која е причината поради која Мајкл Џордан и Скоти Пипен никогаш не го засакале Хрватот.

„Тони Кукоч беше фантастичен играч висок 210 сантиметри, кои правеше се што ќе посакаше на теренот. Имаше прекар келнер, бидејќи ги послужуваше сите соиграчи на теренот. Не се сомневам дека ако играше денеска, ќе беше една од најголемите ѕвезди во НБА. Она што најмногу го ценам е огромниот притисок со кој се соочуваше од првиот ден во клубот, и тоа од Џордан и од Пипен. Тој дојде на инсистирање на Џери Краус, кој го драфтуваше во втората рунда и го туркаше напред. Пипен и Џордан не беа во добри односи со Краус, за нив Тони секогаш беше „детето на Џери“ и затоа секогаш го тераа одново и одново да се докажува. А се што сакаше Кукоч е да игра кошарка, сакам сите да знаат колку значаен играч беше тој за тимот на Чикаго“, открива Стив Кер.

 

Се вчитува...