Зошто дуелот со Црногорците е многу повеќе од „меч за трето место во групата“

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонија и Црна Гора ќе излезат на мегдан во „Феникс арена“ во Дебрецин, во битка во рамките од второто коло од А групата на ЕП 2022. Данска и Словенија влегоа како големи фаворити во групата во Дебрецин, а по резултатите во почетната рунда се поизвесно е дека овие две селекции ќе патуваат во следната фаза во Будимпешта.

Сепак, денешната пресметка меѓу Македонија и Црна Гора е многу повеќе од „меч за третото место во групата“, поради фактот дека од него зависат многу работи за следните квалификации за СП.

Имено, ИХФ почнува нов квалификациски систем со две рунди бараж токму од претстојниот Мундијал за 2023 година. Притоа, првите 15 селекции од овој европски шампионат ќе бидат сместени директно во втората фаза, згора на тоа и ќе ја имаат улогата на носители во ждребот и ќе добијат нешто полесен ривал како единствена пречка до мундијалскиот билет.

Од шесте групи, Македонија не само што треба да заврши трета во Дебрецин, туку и да има што подобра гол-разлика за да стигне до посакуваните Топ 15 на шампионатот, за да се направи чекор напред кон обезбедување на континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Се вчитува...