Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, разговор и со легендата на македонскиот ракометар, Филип Миркуловски.
По богатата кариера во Германија, каде работеше по завршувањето на играчката кариера и како дел од стручниот штаб на Вецлар, Миркуловски, сепак, се реши да се врати во Македонија, сега како координатор на националните машки селекции.
Меѓу бројните теми во „ПРЕСИНГ“, популарниот Жути зборуваше и за причините за својата одлука да се врати во Македонија, и покрај понудите за работа во Германија.
„Бев десет години, речиси единаесет, во Бундеслигата. Поминав одлични десет години таму. Имав убав успех со Вецлар, имав убав период, но сепак, Македонија си е Македонија, дома си е дома! Срцето ме тераше да се вратам тука и видете, странство кога си, секогаш си странец, без разлика колку си дал и за клубот и за државата, таму не е важно тоа, сепак си странец. Јас тоа го почувствував откако престанав да играм. Кога бев помошник тренер, ми сметаа некои работи таму, како се однесуваат кон нас Балканците, а како кон Германците или Скандинавците. Така да, се решив да се вратам во Македонија. Кај нас, дома си е дома, и сакав нешто и плус да дадам за македонскиот ракомет, да придонесам каде што ќе има потреба. Ракометот мене многу ми даде, посебно македонскиот и затоа се одлучив да се вратам во Македонија“ – раскажува Миркуловски и дополнува:
„Мене лично не ме има повредено некоја ситуација, но сепак, почувстував кога станав и помошник тренер, кога ги слушнав тие разговори од управните структури во клубот. Ќе кажам еден прост пример: Зошто некој Црногорец ќе ја испие чашата до пола!? А, Германецот смее да испие до пола. Мислам такви прости примери, што мене лично ми сметаа, па влегував и во конфликти. Странец си е странец. Тоа е, тоа секогаш ќе биде така, без разлика каков рејтинг имаш таму и без разлика колку си дал за самата држава!“.
======================================================
ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ И СО ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
