Зошто Германците играат уште овој викенд?

Првиот човек на Баерн Минхен, Кајл Хајнц Румениге за сите тие што се прашуваат објасни зошто германските фудбалски лиги ќе се играат овој викенд и покрај паниката која се разви во светот од пандемијата на Ковид-19.

„Зошто има смисла да играме утре? Работата е од финансиска природа. Уште треба да се исплати значајна сума од телевизиските права. Ако не се исплати, многу мали клубови ќе имаат големи проблеми. Затоа мислам дека е во ред што се игра уште ова коло“, изјави Румениге. 

Баерн Минхен утре треба да го игра натпреварот од 26. коло против Унион Берлин.

Се вчитува...